Искусниот голгетер Баже Илијоски со погодок дебитираше во дресот на Пелистер. Тој беше еден од стрелците на головите за „зелено белите“ во пелагониското дерби со Победа кое заврши без победник 2-2.


Болката за ремито уште не е намалена во битолскиот состав, но фудбалерите со сите мисли се насочени кон Брегалница која се наоѓа на последната позиција на табелата и воопшто не е наивен противник.

– Се уште сите во клубот жалиме што не успеавме да победиме во дербито со Победа, а дебитанскиот погодок во првиот официјален натпревар за Пелистер ме прави среќен. Против Брегалница не смееме да помислиме на кикс и затоа со сите сили ќе играме да победиме. Тие грчевито се борат за опстанок и секој бод за нив е многу важен, но нас ни се потребните три со кои ќе продолжиме да се бориме за местата кои водат во Европа. – рече Баже Илијоски.


Натпреварот од 20-та рунда во Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра в сабота со почеток во 14 часот на охридскиот стадион „Атина Бојаџи“.

Фото: Пелистер се „пресели“ во Охрид

Мх.П.