Поради одржување на Државното првенство во пливање денес, утре и задутре, 15/16/17 јули, базенот „Атина Бојаџи“ ќе биде затворен за користење,. информира ЈП “Билјанини Извори”.

Ги покануваме сите љубители на пливањето и спортот генерално, да дојдат на градскиот базен претстојниот викенд да ги проследат натпреварите од Државното првенство, кое се одржува во Охрид по пауза од две децении. –  велат од ЈП “Билјанини Извори”

На Државното првенство ќе учествуваат 17 клубови од Македонија со околу 400 пливачи. Трките од првенството ќе се одржат претпладне и попладне на 16 и 17 јули.

OhridNews