Кога ќе се спомемне зборот базен обично помислуваме на топла вода, длабочина до 2 метри и мирис на хлор. Но, откако ќе ја прочитате оваа вест вашата асоцијација можеби ќе се промени. Овој природен базен е направен на работ на еден од најопасните светски водопади.
Додека безброј литри вода од реката Замбези се прелеваат преку работ на Викториниите водопади во Замбија, капачите можат да се брчкаат во базенот (Devil’s Pool) и да пливаат до неговиот сам раб со поглед на 110 метарската провалија. Иако многумина се воодушевуваат од погледот, малкумина од нив се осудуваат да запливаат во него, а уште помалку се оние кои го фотографираат величенствениот понор.
Се организираат и туристички тури, но само во сушниот период кога туристите можат и да скокаат во базенот од околните карпи.