Според православниот календар, денешниот ден е посветен на маченикот Св. Трифун. Голем број обичаи и ритуали кои се врзани за овој ден, традиционално се пренесени од колено на колено.
Во минатото, 14-ти февруари претставувал најголем ден за бавчанџиите од охридскиот регион, а малкумина од нив се уште ги практикуваат традиционалните ритуали, пркосеjќи му на модерното време.
Од друга страна, благодарение на масс-медиумите младите од земјава на 14-ти февруари се повеќе го слават и католичкиот „Св. Валетнин“. Иако многумина негираат дека го чествуваат „Денот на вљубените“, охридските трговци велат дека како и секоја година, очекуваат младите охриѓани да купат дел од нивните производи и да ги подарат на љубените.
OhridNews