Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен и тренерот Ханси Флик ја составија листата за фудбалери кои управата ќе треба да ги доведе во летниот преоден рок. На листата се наоѓаат четири фудбалери.
Листата со желби на „баварците“ ја предводи супер ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане. Германскиот репрезентативец долго време се поврзува со трансфер во Баерн Минхен и најверојатно, летово ќе се случи. Втор на листата е десниот бек на Ајакс, Сержињо Дест, а ја комплетираат Каи Хаверц односно Дајот Упамекано, открива „Билд“.
Сакаме да се засилиме со ултра квалитетен фудбалер и таленти кои фудбалски ќе се развиваат во нашиот клуб. Ние работиме на трансферите. – изјави предводникот на упрвата, Хасан Салихамиџиќ.
Преодниот рок во германскиот, а можеби и во светскиот фудбал ќе започне во август и ќе трае до септември.
OhridNews