Германскиот шампион Баерн Минхен се откажа од услугите на Хамес Родригез, откако управата на клубот одлучи да не го откупи договорот на колумбискиот репрезентативец.
Најдобриот стрелец на Мундијалот во Бразил две сезони како позајмен фудбалер од Реал Мадрид играше во Баерн Минхен. Колумбиецот не ги исполни очекувањата, а и клубот падна во резултатска криза и потешко од очекувањата ја освои титулата во националниот шампионат.
Репрезентативецот на Колумбија не е загрижен со фактот дека Баерн Минхен се откажа од него и не го откупи договорот. Мали шанси му се даваат и во Реал Мадрид и затоа за најреална опција се смета нова позајмица овој пат во Наполи.
Хамес Родригез во Реал Мадрид се пресели веднаш после Мундијалот во Бразил за 80 милиони евра од Монако. Родригез не ја повтори формата од Светското првенство и кариерата не му продолжи во посакуваниот и очекуваниот правец.
OhridNews