Драмата и полемиките околу првиот чувар на мрежата на германската фудбалска репрезентација може да заминат во погрешна насока која нема допирна точка со фудбалот и спортот. Првиот човек на Баерн Минхен Ули Хенес најави дека клубот ќе размисли за бојкот на Германија ако селекторот Јоаким Лев го смени Мануел Нојер од прв голман и го назначи Андре тер Штеген кој е член на Барселона.

Неколку месеци наназад активно се водат дебати на телевиизите во Германија дали треба да се промени Нојер од голот и шанса да му се даде на Тер Штеген. Претседателот на Баерн Минхен остро реагираше на ваквата  најава за промена и во изјава за германските медиуми рече дека клубот подготвен е да го крене гласот против селекцијата.

Никогаш нема да прифатиме промена на голот. Пред да дојде до такво нешто ние како клуб нема да ги пуштаме играчите да бидат дел од репрезентацијата. – рече Хенес.

Целата атмосфера во Германија подгреа Тер Штеген, кој рече дека сака да биде прв голман на „панцирите“ и дека го заслужил местото со перформансите неколку сезони наназад.

Моите цели се јасни и гласни. Не кријам дека сакам да бидам прв избор на голот од Германија. Целата ситуацијата ме фрустрира. Давам се од себе, тренирам напорно а не сум таму каде што заслужувам – неодамна изјави голманот на Барселона.

Баерн Минхен ако се одлучи за бојкот на националната селекција ќе се соочи со казна и суспензија од ФИФА. Според правилникот клубот не смее да ги блокира играчите кои ќе се најдат на списокот од репрезентацијата.

OhridNews