Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал славеа нови победи во Интернационалниот куп на шампиони совладувајќи ги Реал Мадрид со 3-1 односно Фиорентина 3-0.

„Баварците“ одиграа добар меч против шпанскиот гигант и заслужено славеа со 3-1. Стрелеци на головите беа Колентин Толисо, Роберт Левандовски и Серж Гнабри. Почесниот погодок за Реал Мадрид го постигна Родриго.

Арсенал на крилата од младинскиот фудбалер Едвард Нкетија кој постигна два погодоци славеше против Фиорентина и ја забележа втората победа на Интернационалниот куп на шампиони. Третиот погодок кој ја заокружи победата беше Жозеф Вилок.

Мечевите во Интернационалниот куп на шампиони продолжуваат денеска со средбата помеѓу Јувентус и Тотенхем.

OhridNews