Германските методи на тренинг и дисциплина некогаш се многу чудни, но во поголем дел од случаите се успешни и секогаш привлекуваат голема внимание од јавноста. „Баварците“, баш на необичен начин со играње пикадо со нога се вратија на тренинзите после пауза од месец дена поради пандемијата на коронавирусот.
Фудбалерите на Баерн Минхен почитувајќи ги мерките за социјална дистанца и групирање, под будното око на тренерот Ханс Флик се натпреваруваа во пикадо. Очекувано, тренингот помина во супер атмосфера а каков ќе биде исходот од ваквите тренинзи ќе видиме кога ќе продолжи сезоната во германската Бундес лига.
Во пресрет на прекинувањето на натпреварите, Баерн Минхен беше лидер на табелата со четири бодови повеќе од второпласираната Борусија од Дортмунд и пет од Лајпциг.
OhridNews