Дефанзивецот на Лајпциг, Дајо Упамекано кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхе, потврди „Билд“ повикувајќи се на извори од клубот.

22-годишниот центраелен бек потпиша преддоговор со „баварците“, кои ќе платат 42,5 милиони евра, колку што изнесува клаузулата во договорот од Упамекано со германскиот бундеслигаш.

Францускиот репрезентативец првите минути на професионален план ги одигра во австриски Лиферунг, а потоа се пресели во Салзбург. Во 2017 година, Упамекано го засили Лајпциг каде го потврди големиот потенцијал и прерасна во еден од најдобрите млади стопери во европскиот фудбал.

 OhridNews