Џенсон Батон е победник на втората трка во Ф1 циркусот. Сепак за победата Батон нема да освои десет туку пет поени. Лошите временски услови и обилните врнежи беа причина трката за Големата награда на Малезија да заврши 24 круга пред крајот.


На подимот покрај Батон од Браун ГП,се искачија Ник Хајдфил од БМВ Заубер и Тимо Глок од Тојота.

Бидејќи не е извозено 75 отсто од трката, на возачите ќе им бидат доделени половина од предвидените бодови. Така Батон наместо 10 ќе добие пет бода, Хајдфил наместо осум четири бода, а Глок наместо шест – три.


Бодови уште освоија и Јарно Трули (Тојота) – 2,5 бода, Рубенс Барикело (Браун ГП) – 2 бода, Марк Вебер (Ред Бул) – 1,5 бод, Луис Хамилтон (Мекларен) – 1 бод и Нико Розберг (Вилијамс) – 0,5 бода.

Наредната трка од Ф1 шампионатот на програмата е на 19 април, за Големата награда на Кина.

ohridnews