Како што пишува српскиот весник „Курир“, меѓу другите барања се: цел кат од хотелот, исклучени сигурносни камери („за ѕвездата да се чувствува слободно и во ходникот“), личното обезбедување на Rhymes да го преконтролира хотелското обезбедување, потоа 20 килограми свежи јагоди во секое време, када наполнета со шампањско…
Дваесет Белграѓанки кои ќе се сложат да бидат групи девојки, ќе имаат прилика да го запознаат славниот рапер и неговата група. Прв девојка ќе бирал тој самиот, а останатите „од тоа што ќе остане“.
Екипата на популарниот хипхопер кој освен по незаситниот апетит е познат и по често кршење на законот, во Белград ќе пристигне со приватен авион, а предвидено е да се задржат најмалку два дена – освен ако не го продолжат престојот во рацете т.е. „меѓу нозете“ на девојките кои ќе ги забавуваат.
(index)