Светскиот рекет број 1 Ешли Барти претпладнево ја победи Медисон Киз во полуфиналето на Австралија Опен (6:1, 6:3).
Австралијанката ја извојува 10-та победа во низа и ја прекина серијата од 10 победи на Американката.
Во шест натпревари ба Грен слемот во Мелбурн, Барти на теренот мина 6 часа и 6 минути. Таа не загуби сет и загуби само 21 гем (во просек 3,5 по сет). На свој сервис загуби само еден гем.
Барти по трет пат во кариерата и првпат на тврда подлога стигна до финалето на Грен слем. На Ролан Гарос 2019 и Вимблдон 2021 година, таа освои титули.
Воедно, Барти е првата Австралијанка која стигнала до домашно финале на Грен слем од 1980 година. Во сабота ќе ги одмери силите со победничката од мечот Ига Свјатек (Полска) – Даниеле Колинс (САД).
OhridNews