Австралијката Ешли Барти и Јапонката Наоми Осака по подолга пауза ќе се вратат на тениските турнири кои во јануари ќе се играат во Австралија, објавија организаторите во Аделаида и Мелбурн.

Најдобрата светска тенисерка Барти паузира од елиминацијата во третото коло на Ју Ес Опен во септември, но иако предвреме ја заврши годината, Австралијката освои пет турнири, меѓу кои и Вимблдон, а го задржа и лидерското место на ВТА листата. Организаторите во Аделаида го потврдија нејзиното учество на турнирот од 2 до 9 јануари.

Јапонката Осака, која минатата сезона падна на 13 место на ВТА листата по низа психолошки проблеми, ќе учествува на турнирот во Мелбурн од 3 до 9 јануари, кој е подготовка за Австралија Опен (17 јануари). Покрај Осака, која е бранителка на титулата во Австралија Опен, во Мелбурн ќе настапат и победничката на Ју Ес Опен, Ема Радукану и Симона Халеп.

 

OhridNews