Најтрофејниот клуб и најголемиот фаворит за титула во Лигата на Шампиони, Барселона е противник на Вардар во 1/2 финалето од завршниот турнир кој по јубилеен 10-ти пат ќе се одржи во германскиот град Келн.

Квалитетот и фаворитската улога на Барселона не треба да влева страв кај „вардарци“, бидејќи каталонците беа пропратна страница до титула на „црвено црните во 2017 година.

Останатата двојка ја сочинуваат Веспрем и Киелце кои во 2016 година силите ги одмерија во финалето. Завршниот турнир ќе се одржи на 1 и 2 јуни.

Двојки:

Барселона – Вардар

Веспрем – Киелце

OhridNews