Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски е дел од составот на Барселона за престојната сезона во Лигата на Шампиони.
Бранителот на трофејот во ЛШ до Европската куќа на фудбалот (УЕФА) достави список од 28 фудбалери на кој се наоѓа и Бабунски.
Тој летово се одлучи да продолжи со Барселона иако Б тимот во кој се натпреварува игра во третата лига по ранг во Шпанија.
Неговата посветеност на Барселона се исплатеше и сезонава можеби ќе заигра со Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар во најеминетното клупско натпреварување во светот.
Ohridnews