Во пријателски натпревар одигран пред 62.000 гледачи на „Алиџиент стадион‘ во Парадајс, во американската сојузна држава Невада, фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид со 1-0.

Единствениот гол го постигна Рафиња во 27 минута, во натпревар во кој првото полувреме донесе одличен фудбал, а во продолжението интензитетот беше разводнет поради бројните замени во двете екипи.

Во составот на Карло Анчелоти се претстави Орелиен Чуамени, кој дојде од Монако, а шанса доби и Антонио Рудигер, кој го засили Реал од редовите на Челзи. На спротивната страна за Барселона дебитираше засилувањето од Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

Следниот натпревар на Реал во рамки на американската турнеја е на програмата на 27 јули против Клуб Америка во Сан Франциско, додека на Барселона и претстои дуел против Јувентус истиот ден во Далас.

OhridNews