Барселона направи голем чекор кон пласман во финалето на шпанскиот фудбалски Куп на Кралот, откако синоќа триумфираше над мадридски Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-0 обезбедувајќи предност пред реваншот на „Камп Ноу“ на 5 април.

Каталонскиот клуб ја обезбеди победата во 252. натпреварувачко „Ел Класико“ со автоголот на Милитао во 26 минута.

Во втората полуфинална пресметка Осасуна на домашен терен го совлада Атлетик Билбао со 1-0 со голот на мароканскиот напаѓач Езалзули во 47 минута.

Реваншот е во Билбао на 4 април.

OhridNews