Ерик Гарсија е нов фудбалер на Барселона, соопшти клубот. Дефанзивецот се врати на Ноу Камп и потпиша петгодишен договор со матичниот клуб.
Com a casa, enlloc! pic.twitter.com/Te1s96Sgkz
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) June 1, 2021
Фудбалерот кој потекнува од прочуената школа „Ла Масија“ беше голема желба на Барселона која месеци работеше да го врати Ерик Гарсија во составот.
Со доведувањето на Ерик Гарсија, Барселона, во голема мера ја реши дилемата околу стоперската позиција која беше голем проблем минатата сезона.
Каталонците вчера го промовираа Кун Агуеро, кој како и Ерик Гарсија во клубот доаѓаат како слободни агенти.
Карло Анчелоти се врати во Реал Мадрид
Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти се врати во Реал Мадрид и повторно ќе биде тренер на „кралевите“.
Анчелоти и Реал Мадрид во краток временски период ги договорија сите детали и пуштија рака за сорабока. Претходно, Италијанецот спогодбено го раскина договорот со Евертон.
„Кралскиот“ клуб со популарниот „Дон Карло“ на клупата ја освоија титулата во Лигата на шампиони, триумфирајќи во 2014 година.
OhridNews