Поразот од Баерн Минхен (8-2) и срамната елиминација на Барселона во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони со отказ ја плати тренерот Кике Сетиен.
Каталонците информацијата која беше најавена веднаш после четвртфиналето со Баерн Минхен ја потврдија доцна синоќа. Најверојатно, Сетиен е првиот потег во ремонтот која ја очекува Барселона во летниот преоден рок.
Сетиен на клупата од Барселона пристигна во текот на завршената сезона после разделувањето со Ернесто Валведере. За сега двајца кандидати се споменуваат за тренери на Барселона. Првиот е клупската легенда Чави, додека вториоти е Маурицио Почетино.
OhridNews