Екипата на Барселона го претрпе првиот пораз во новата сезона, откако во петтата рунда го положи оружјето кај последнопласираниот Легањес. Домашните фудбалери со пресврт во второто полувреме славеа со 2-1 и ја забележаа првата победа сезонава.

Почетокот на натпреварот воопшто не нагосветуваше домашен триумф, бидејќи гостите после 12-ет минути игра поведоа со голот на Филипе Кутињо. Барселона мечот го изгуби во две минути. Во 52-та минута домаќините изедначија 1-1, а минута подоцна Пике направи катастрофална грешка која Легањес ја искористи за втор погодок и водство.

Со трите бодови тимот на Легањес се одлепи од дното на табелата и ги намали екипите кои се без победа во новата сезона. На прва победа во Ла Лига се немаат израдувано две екипи Валенсија и Реал Ваљадолид.

OhridNews