Челниците на Барселона, Реал Мадрид и Ла лига договорија термин за одигрување на „Ел Класико“. Каталонците големиот ривал на Ноу Камп ќе го пречекаат на 18 декември во вечерен термин 20 часот.

Првично, големото дерби беше закажано за октомври месец но се одложи поради протестите во областа Каталонија. После долги преговори, трите страни најдоа заедничко решение и на мегдан ќе излезат во последниот месец од оваа година.

„Ел Класико“ е еден од најгледаните настани во светот на спортот. Супер дербито се пренесува низ сите земји во Европа а голем интерес владее во САД и Азија.

OhridNews