Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона објави дека продал дел од првата за своите дигитални и аудиовизуелни услуги за 100 милиони евра на компанијата за дигитални навивачки токени Socios.com.

Барселона на онлајн компанијата Socios и продаде 25 отсто од уделот во Barca Studios, која управува со клупските дигитални содржини и аудиовизуелната продукција.

Членовите на клупското раководство претходно изгласаа дека Извршниот одбор може да продаде најмногу 49 отсто на Barca Studios.

Засега продадовме 25 отсто на компанијата Socios. Можеби еден ден ќе дојде време да ги вратиме и овие 25 отсто, но во овој момент имаме нов партнер кој вложи 100 милиони евра, изјави денеска претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на конференција за новинари на која официјално беше претставено новото засилување на каталонскиот клуб, Жил Кунде.

OhridNews