Македонскиот ракометен првак Вардар Про го претрпе и четвртиот пораз во ракометната лига на шампиони. “Црвено- црните“ имаа сили за едно полувреме во одмерот со гигантот Барселона.


Одигравме одлични 30 минути по кои на одмор заминавме со плус еден гол(17:16), но во вториот дел немавме доволно сили да му се спротиставиме на реномираниот противник.

Во редовите на Вардар Про најдобар стрелец беше Ѓорѓевиќ кој постигна 9 погодоци, додека Пешиќ мечот го заврши со 4 гола. Кај гостинот од Шпанија  Хансен беше најдобар стрелец со 8 гола.

ohridnews