Барселона синоќа ви Ријад во финалето на шпанскиот Суперкуп го совлада Реал Мадрид со 3:1. Каталонците остануваат клуб со најмногу победи во натпреварувањето- вкупно 14.

Тренерот на Барселона, Чави ги пофали своите фудбалери за прикажаната игра.

Многу сум задоволен од играчите. Тие работат напорно, имаме одлична атмосфера во соблекувалната. Кога играте против Реал Мадрид, треба да ги контролирате и да ги минимизирате загубите. Натпреварот ни помина многу добро, тоа го почувствуваа играчите. Гави, Педри, Френки де Јонг… Баравме доминација во натпреварот. Дембеле отвори широко по крилото. Ќе го забележам Роналд Араухо. Среќни сме за сите нив. Ако игравме вака против Реал Мадрид во финалето, тогаш овој фудбал мора да го повториме и во домашното првенство. Не можете да се опуштите. Ова е моја задача, изјави тренерот на Барселона.

Реал остана на 12 трофеи во ова натпреварување 12 пати, а Анчелоти загуби финале за прв пат по 2010 година.

OhridNews