Елиминацијата од Ливерпул во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони ја прели чашата на трпението во тимот на Барселона кој во летниот преоден рок ќе се збогува дури со десет фудбалери.
Први фудбалери кои ќе настрадаат се дефанзивецот Џејсон Муриљо и офанзивниот фудбалер Кевин Принс Боатенг. Двајцата на Ноу Камп играат како позајмени фудбалери од Валенсија односно Сауоло.
Иднина во Барселона нема ниту Томас Вермален. Белгискиот репрезентативец мака мачи со повредите и многу веројатно каталонците нема да му го продолжат договорот кој му истекува оваа сезона.
Во плејадата играчи кои се „пречкртани“ за следната сезона се голманот Јаспер Силесен, дефанзивецот Самуел Умтити, Жан клер Тибодо, Малком, Иван Раќитиќ, Рафиња Алкантара и Денис Суарез. Сепак, најголемо внимание привлече името на Филипе Кутињо кое исто така се најде на „црната“ листа.
Барселона во летниот преоден рок ќе се засили со Френки де Јонг од Ајакс, а клубот од Ноу Камп се поврзува со уште неколку играчи кои се интересни на трансфер пазарот.
OhridNews