Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френк Кеси нема да добие дозвола за напуштање на каталонскиот клуб во претстојниот трансфер прозорец.

Барселона одби три понуди за 25-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска по состанокот со неговиот агент.

До „Камп ноу“ понуди за трансфер на Кеси стигнале од Наполи, Интер и клуб од англиската Премиер лига.

Кеси има дефицит од тренинзите, но Барселона сака да го задржи барем до крајот на сезоната бидејќи централниот среден ред на тимот е недоволно екипиран.

Втората причина е што доколку Кесие замине, Барселона нема да може да добие некого за возврат поради финансискиот фер плеј – клубот нема дополнителни пари.

На почетокот на ноември се дозна дека играчот од средниот ред беше надвор од терените 1,5 месец поради повреда на колкот.

OhridNews