По 23:59 часот на 31 декември 2024 година, истече рокот за исполнување на условите за регистрација на играчот и Барселона не успеа да го стори тоа. Имињата Дани Олмо и Пау Виктор и броевите 20 и 18 повеќе не се на официјалната веб-страница на Ла Лига. Таму се вратени податоците на Андреас Кристенсен.

Кристенсен беше повлечен на ростерот на Барса во август поради тешка повреда. Благодарение на тоа каталонскиот клуб успеа да го регистрира Олмо од третото коло на Ла Лига. Сега Данецот се опорави, а бидејќи Барселона не ги исполни условите предвидени со правилата за финансиски фер-плеј, враќањето на Кристенсен кај пријавените играчи значи дека Олмо повеќе не е меѓу нив.

Ла Лига информира дека до денес, 31 декември, ФК Барселона нема презентирано никаква алтернатива која, во согласност со прописите за економска контрола на Ла Лига, би дозволила регистрација на кој било играч од 2 јануари, соопшти шпанската лига.

Барселона синоќа соопшти дека побарала нова лиценца од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) за играчите Даниел Олмо и Пау Виктор. Исто така, клубот негира дека побарал или добил мораториум од кој било друг орган за бараната регистрација.

Барса сè уште чека одговор на барањето на претседателот Жоан Лапорта за регистрација на Олмо, откако клубот информираше дека ги продал ВИП картите во наредните 20 години за сума од 100 милиони евра.

Се огласи и Олмо кој денеска објави дека нема да ја напушти Барселона.

OhridNews