Кратко само три месеци траеше авантура на Виктор Валдес на клупата од младинската екипа на Барселона. Клубот од Ноу Камп официјално соопшти дека се разделува со легендарниот голман и назначи нов стратег на младинскиот состав.

Причинита за отказот на Виктор Валдес е непослушност. Валдес не ги слушал советите од спортскиот директор Патрик Клајверт и не ги почитувал правилата поставени во прочуената школа на Барселона „Ла Масија“.

Валдес долги години беше прв избор на Барселона и учествуваше во освојувањето на поголем дел од трофеите последнава декада. Шпанскиот голман после една потешка повреда на коленото си замина од Ноу Камп и продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед а потоа бранеше уште за Мидлзброу и Стандар Лиеж.

За нов тренер на младинците поставен е Франц Атига, кој работел заедно со Валдес во клупската академија.

OhridNews