Игра на бројки во пресрет на вечерашниот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Интер.

2 – Два гола до финале, два меча до одбрана на трофејот е желбата на навивачите на Браселона во желбата за нивната “Remontada” (ВРАЌАЊЕ). Два пак е типот кој “нероазурите“ го посакуваат по завршувањето на мечот.

90 – Илјади гледачи ќе бидат сведоци на вечерашниот спектакл на Ноу Камп, од нив 4500 ке бидат “плаво – црни“.

3 – меѓусебни средби годинава помеѓу овие две екипи.И трите завршија со различен исход. Едно реми 0-0, една победа на Барса 2-0, и еден триумф на Интер 3-1.

0- голови во шесте натпревари на Лео Меси против екипи кои ги водел Мурињо, на натпреварите против Челси и Интер. Единствено што успеал Меси да направи е да го “намести“ Дел Орно кој заработи исклучување.


25 – е бројот на експедицијата на Мурињо која замина за Барселона,

4 – гола во девет натпревари за Златан Ибрахимовиќ во овогодинешната лига на шампиони. Во секој случај повеќе од Самуел Ето кој постигнал само 2 во 11 натпрвари.


6- победи во низа за Интер во лигата на шампиони. Дали ќе дојде и седмата во Интер не се премногу оптоварени. “Пораз од 1-0 на Ноу Камп би бил прекрасен“ – Мурињо.

Ohridnews