Барселона ја забележа втората победа сезонава а прва на гостински терен совладувајќи го составот на Селта со 0-2, полувреме 0-1 на стадионот „Де Балаидос“.
Победата на каталонците вреди многу повеќе од три бодови бидејќи мал дел од прво и цело второ полувреме играа со фудбалер помалку. Предвреме при 0-1 за Барселона мечот во Виго го заврши Ленглет, поради два недозволени стартови по кои доби жолти картони. Во второто полувреме, домаќините нападнаа, но Барселона со два погодоци ја завери победата и ги освои бодовите.
Резултати:
Атлетик Билбао – Кадиз 0-1
Севиља – Леванте 1-0
Селта – Барселона 0-2
OhridNews