Шпанскиот гигант Барселона подготвува голем ремонт во екипата во текот на летниот преоден рок. Каталонците, планираат да се засилат на сите позиции во тимот, но и да се ослободат од неколку играчи со кои ќе ги обезбедат потребните средства.

Прв фудбалер по кој ќе трнат челниците од Ноу Камп ќе биде Лаутаро Мартинез. Фудбалерот на Интер плени со  едноставноста во играта и чувството за погодок. „Нероазурите“ имаа клаузула од 100 милиони евра во договорот со аргентскиот фудбалер кој не би требало да биде проблем.

Барселона посакува да ја засили одбраната и конкуренцијата во среднио ред, но се уште нема одредено со кои фудбалери. Единствено нема да се менува кај голманите, бидејќи Андре Тер Штеген е еден од најдобрите чувари на мрежата.

За да ги обезбеди потребните средства, клубот од Ноу Камп ќе мора да се ослободи од фудбалери кои моментално го носат дресот на Барселона со високи плати. Како најсериозен кандидат за заминување се смета Иван Раќитиќ, а лесно може да се случи списокот да биде „збогатен“ со уште некое име.

OhridNews