Каталонскиот фудбалски гигант Барселона го продолжи договорот со дефанзивецот Самуел Јумтити. Новиот договор е со важност до 2026 година, објавено е на клупскиот сајт.
Во исто време, францускиот играч се согласи на делумно намалување на платата. Дваесет и осумгодишниот Јумтити дојде во Барселона од Јувентус во 2016 година.
Оваа сезона, фудбалерот учествуваше на еден натпревар од шпанското првенство.
OhridNews