Фудбалерите на Барселона со 5-2 (1-1) го совладаа тимот на Бетис и ставија точка на серијата од пет мечеви без победа во шпанска Ла лига.
Каталонците отпорот на „зелено белите“ на Ноу Камп го скршија во второто полувреме, откако првиот дел заврши 1-1. Ентони Гризман, Лионел Меси два пати и Педри погодија за Барселона во вторите 45 минути, додека за Бетис прецизен беше Алекс Лорен. Во првиот дел резултатот го отвори Осман Дембеле, а за гостите погоди Антонио Санабрија.
Со третата победа во седмиот натпревар сезонава Барселона се искачи на осмата позиција, додека Бетис со четири победи во девет мечеви се наоѓа на седмото место на табелата.
OhridNews