Водечката екипа во шпанската Ла лига, Барселона го повлече првиот потег на трансфер пазарот доведувајќи го Џејсон Мурилјо во своите редови од Валенсија.
Мурилјо следните шест месеци на Ноу Камп ќе ги помине како позајмен фудбалер. Барселона во текот на летниот предеон рок ќе одлучи дали сака да го задржи или врати колумбискиот фудбалер. Каталонците за позајмицата платија 2 милиони евра, а евентуален трансфер на лето би изнесувал 25 милиони евра.
26-годишниот фудбалер треба да биде решение за проблемите во одбраната на Барселона. Тренерот Ернесто Валверде има голем пех со повреди, инаку последната линија функционира добро, а Мурилјо ќе биде резервна варијанта во таков случај.
Валенсија минатото лето го откупи договорот на Мурилјо од Интер за 12 милиони евра, откако една сезона како позајмен играч на „Месталја“.
OhridNews