Серхио Агуеро во најскоро време ќе биде претставен на „Ноу Камп“, откако тој и Барселона постигнаа договор за соработка.

Агуеро со каталонците ќе потпише двегодишен договор, а откупната клаузула изнесува 100 милиони евра. Аргентинецот во Барселона ќе се пресели како слободен фудбалер. Последен негов клуб беше Манчестер Сити.

Доведувањето на Агуеро и активноста на трансфер пазарот на Барселона најверојатно ќе значи останување на Лионел Меси на „Ноу Камп“. Меси летово ќе биде слободен фудбалер, бидејќи важечкиот договор му истекува на 1 јули.

OhridNews