Раководството на Барселона е во преговори со тренерот Роналд Куман за продолжување на договорот за следната сезона, објави „Sport.es“.

Сепак, обновувањето на договорот ќе биде можно доколку се исполнат неколку услови. Барселона мора да се претстави добро, да освои титули, а тренерот мора да ги следи стратешките насоки дефинирани од клубот.

Куман ја предводи Барселона од 2020 година. Под негово водство, каталонскиот клуб го освои Купот на Шпанија во сезоната 2020/2021, а исто така го зазеде третото место во Ла Лига.

Во последното издание на Лигата на шампиони, каталонскиот клуб го заврши својот настап во осминафиналната фаза, по пресметките со ПСЖ.

Барселона освои седум бода на три натпревари од новата сезона во Ла лига е рангирана на 4. место во табелата. Лидер е Реал Мадрид кој исто така има седум бода.

 

OhridNews