Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека холандскиот стратег Роналд Куман и следната сезона ќе биде тренер на каталонскиот клуб. Одлуката Куман да остане на клупата на Барселона ја донеле членовите на Управниот одбор на клубот.
После кратко размислување, одлучивме да продолжиме со Роналд Куман, кој има важечки договор. Водевме искрени разговори и однесувањето на тренерот беше беспрекорно. Најдовме решенија за разликите што постоеа. Размислувавме во насока што е најдоброто за Барселона и среќни сме поради оваа одлука, – изјави Лапорта.
Барселона во дебитантската сезона на Куман на клупата сезоната во Примера ја заврши на третото место зад мадридските ривали Атлетико и Реал, но го освои Кралскиот куп.
Каталонците не стојат со скрстени раце и делуваат активно на трансфер пазарот, доведувајќи Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Емерсон Ројал.
OhridNews