Водечкиот двоец во фудбалскиот шампионат на Шпанија, Барселона и Реал Мадрид, во рамките на 23-то коло ќе гостуваат кај Спортинг Хихон, односно Еспањол.


Барселона во Хихон ја мерка 17-та последовна победа во шампионатот, додека Спортинг се надева на изненадување и бодови кои многу ќе му значат во борбата за опстанок. Реал се наоѓа пред непријатно гостување кај Еспањол, екипа која не освои ниту бод во последните две кола. Домаќинот бара бодови на овој дуел со кои ќе остане во трката за едно од местата кои следната сезона гарантираат излез на европската сцена.

 

Според имињата и реномето на клубовите, дерби на оваа рунда ќе биде пресметката на „Винсенте Калдерон“ помеѓу Атлетико и Валенсија. Евентуален неуспех на Атлетико најверојатно ќе значи отказ за тренерот Кике Санчез Флорес.

 
Двојки:  Атлетико Мадрид-Валенсија, Спортинг-Барселона, Расинг-Севиља

Недела :  Херкулес-Сарагоса, Леванте-Алмерија, Малага-Хетафе, Реал Сосиедад-Осасуна, Депортиво-Виљареал, Еспањол-Реал Мадрид

Колото во понеделник ќе го комплетираат Мајорка и Атлетик Билбао.