Тимот од Ноу Камп со два сензационални трансфери ќе и одговори на ФИФА за потврдување на казната од забрана на трансфери следниве година дена.
Еден од нив е германскиот репрезентативец Марко Ројс кој моментално настапува за Борусија Дортмунд, а вториот е фудбалерот на Фиорентина, Квардадо кој имаше одличен настап во дресот на Колумбија на СП во Бразил.
Претходно на Ноу Камп пристигнаа Луис Суарез од Ливерпул, Томас Вермален од Арсенал, а сите фудбалери се вратени од позајмици во други клубови.
Мх.П.