Жозе Мурињо, шпанската одисеја ќе ја започне од Мајорка, каде со неговиот Реал ќе гостува во првото коло. Барселона одбраната на титулата ќе ја започне на гостувањето кај Расинг Сантандер.

Првото “Класико”, љубителите на бубамарата ќе го проследат на 28 ноември на  “Камп Ноу”, додека реваншот ќе биде на 17 април во Мадрид.

Во првото коло кое е закажано за 28 август ќе играат:

Атлетико Мадрид – Спортинг Хихон
Осасуна – Алмериа
Реал Сосиедад – Виљареал
Еспањол – Хетафе
Леванте – Севиља
Депортиво Ла Коруња – Реал Сарагоса
Малага – Валенсија
Расинг Сантандер – Барселона
Херкулес – Атлетик Билбао
Реал Мајорка – Реал Мадрид

Ohridnews