Барселона го продолжи договорот со Нико Гонзалес и го прати на позајмица на Валенсија.
Новиот договор со играчот од средниот ред е до 2026 година. Откупната клаузула за предвремен раскин на договорот со каталонскиот клуб е позиционирана на милијарда евра. Договорот за позајмица на 20-годишниот Шпанец со Валенсија не вклучува опција за негов откуп.
Нико минатата сезона во Ла Лига настапи на 27 натпревари и постигна два гола.
OhridNews