Mузичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе донесе два концерти што ќе се одржат во црквата „Света Софија“.

Ансамблот „Маскерина“ од Франција ќе настапи со почеток во 20 часот и 30 минути. Ќе музицираат Себастијан Берета на барокна флејта, Мари Гијоми на виола да гамба и  Николас Ватин на теорбо

„Маскерина“ е основан од виолинистката Гијоми и лаутистот Никола Ватин минатата година за  време на нивните студии во Версај. Ансамблот обединува музичари чиј основен интерес  е барокната музика. Како дует или поголем ансамбл, „Маскерина“ се посветени на музичко истражување на репертоарот на европската барокна музика од 17 и 18 век, со посебен акцент на автентичната интерпретација на оригинални инструменти и на интеракција со публиката.

Досегашните концерти овој музички состав го водат во Париз, Версај, Марсеј, Бордо, Женева…. а настапуваат и со други ансамбли како Ревеус и Амичи Ме.

По завршувањето на концертот на „Масерина“, во 22 часот, Кабаре  „Зборувај тивко“ ќе донесе дела од композиторот Курт Вајл.

OhridNews