Екипата на Барнли го освои целиот плен на „Енфилд“, победувајќи го Ливерпул со минимални 1-0, во 19-та рунда од англиската Премиер лига.

Избраниците на Син Диш со победата во Ливерпул ставија точка на серијата без пораз на „црвените“ на домашен терен која траеше точно 68 натпревари. Стрелец на погодок вреден три бодови за Барнли беше Барнс, кој реализираше од белата точка во финишот од натпреварот.

Ливерпул кој на последните пет мечеви има постигнато еден погодок и освоено три бодови го загуби чекорот со водечките екипите на табелата. „Црвените“ заостануваат шест бодови од Манчестер Јунајтед и четири од Манчестер Сити, кој има натпревар помалку. Барнли „скокна“ едно место на табелата и сега се наоѓа на 16-то позиција.

OhridNews