Екипата на Барнли го освои целиот плен на „Емирати“ стадионот, победувајќи го составот на Арсенал со минимални 1-0, полувреме (0-0), во последниот меч од 12-та рунда во Премиер лигата.
Барнли со минималната победа прекина црна традиција од 40 години без победа во Лондон на дуелите со Арсенал и ја продолжи лошата серија на „топчиите“ во англиското елитно друштво. Избраниците на Микел Артета го претрпеа четвртиот пораз во петтиот натпревари во кои постигна само еден погодок.
Гостите голот за победа го постигнаа со голема помош од Пјер Обамејанг кој играше последен при нафрлување од корнер. Претходно, Арсенал остана со 10 играчи, откако црвен картон за непромислен потех доби Гранит Џака.
Тимот на Барнли со трите бодови побегна од опасната зона, додека Арсенал со само четири бодови повеќе од денешниот ривал се наоѓа на 15-та позиција.
- Резултати:
Саутемптон – Шефилд Јунајтед 3-0
Кристал Палас – Тотенхем 1-1
Фулам – Ливерпул 1-1
Арсенал – Барнли 0-1
Лестер – Брајтон 3-0
Табела: Тотенхем 25, Ливерпул 25, Лестер 24, Саутемптон 23, Челси 22…
OhridNews