Победничката серија на Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјаер заврши, откако „црвените ѓаволи“ ремизираа 2-2 пред своите гледачи на Олд Трафорд. Во 24-та рунда голем удар на шампионските амбиции Манчестер Сити кој изгуби од Њукасл со 2-1.

Бодот за Манчестер Јунајтед вреди како три, бидејќи домаќините негатива од 2-0 имаа до 88` минута. За гостите погодија Барнс и Вуд, додека негативата „црвените ѓаволи“ преку Погба и Линделоф обезбедија реми.

Мечот на Сент Џејмс Парк започна маестрално за „граѓаните“ кои со погодокот на Агуеро поведоа со 1-0. Домаќините во 66-та минута изедначија на 1-1 преку Рондон, а во 80-та Ричи од пенал погоди за комплетен пресврт.

Ливерпул доби одличен поклон од Њукасл, а ако го искористи и победи против Лестер ќе се одлепи на седум бодови и ќе направи крупен чекор напред кон титулата во Премиер лигата.

Резултати: Арсенал – Кардиф 2-1, Фулам – Брајтон 4-2, Хадерсфилд – Евертон 0-1, Вулверхемптон – Вест Хем 3-0, Мен Ју – Барнли 2-2, Њукасл – Мен Сити 2-1

OhridNews