Светскиот рекорд во непрестанато точење пиво го оборил еден фламански бармен кој 84 часа точел пиво во пивница во Антверпен во Белгија.


Барменот го оборил претходниот рекорд од 24 часа.

Се чини дека масажата на грбот му помогнала да го издржи три и пол дневниот маратон.

На новиот шампион Иван Стјутс му преостанува уште да го регистрира својот рекорд во редакцијата на Гинисовата книга на рекоди во Лондон.