Џорџ Барли, селекторот на Шкотска, нашиот прв противник во овој двоен септемвриски мундијалски квалификациски циклус ја опиша Македонија како опасна и храбра фудбалска земја, предупредувајќи оти јавноста не треба да очекува „прошетка“ на Шкотите на својот „Хампден парк“.
Барли во моментов ретерира, иако по дуелот со Норвешка изјавуваше дека трите бода се прокнижени од мечот со Македонија и дека за баражот решавачки за нив е дуелот со лидерот Холандија.
– Тоа што е направено досега е готово и нема враќање. Македонија е доста опасна и храбра, па ова нема да биде прошетка – рече Барли, кој е под голем притисок особено по дебаклот во Осло пред три недели (0-4). – Има уште два меча и јас за нив размислувам, ако не оди работата, критиките треба да дојдат откако ќе го завршиме циклусот – беше огорчен Барли на медиумите.
ohridnews