Под мотото „На квалитетни културни настани има право цела Македонија“, баритонот Борис Трајанов, денеска ја почнува 45-дневна концертна турнеја низ Македонија, насловена „Вечер на канцони“, во чии рамки познатиот оперски пејач ќе го посети и Охрид.
Покрај концерт, во Охрид, Трајанов ќе одржи и едукативни часови за опера на учениците од локалните училишта.
Целта на турнејата што опфаќа седумнаесет македонски градови, е откривање локални таленти, внесување нови елементи во музичката едукација, подигнување на кавлитетот на културните настани во внатрешноста на државата и децентрализација на квалитетни музички настани од центарот Скопје кон внатрешноста.