Раководителите на националните паркови „Галичица“ и „Маврово“, денеска протестираа поради употребата на срамната кратенка за називот на нашата земја испишана на паното на македонскиот штанд на меѓународниот саем за национални паркови „Медитере“ кој се одржува во Бари, Италија . По упорното инсистирање на директорот на НП „Галичица“, Зоран  Ангелоски, и неговиот колега од НП „Маврово“ и нивното одбивање да  учествува под друго име освен Македонија, организаторите на саемот го корегирал пропустот после што македонскиот штанд бил и официјално отворен за посетителите.


Не сме ФИРОМ…


Туку Македонија


македонските национални паркови се спротиставија на фиромизацијата

На меѓународниот саем за национални паркови „Медитере“ во Бари се претставуваат 85  паркови од медитеранскиот регион со цел промоција на природните и културните вредности и воспоставување на соработка и размена на искуства меѓу парковите. Присуството на делегација на НП „Галичица“  на саемот ќе биде искористено за посета и воспоставување на соработка  со италијанските национални паркови „Аспромонте“ и „Етна.“

ohridnews